Дома Останати Тенис Ѓоковиќ сериозно размислувал да се пензионира!?

Ѓоковиќ сериозно размислувал да се пензионира!?

0

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ наводно размислувал да го остави тенисот и да замине во пензија после големите проблеми со повредата на лактот.

Болката во десниот лакт го одвои Ѓоковиќ скоро една година од терените, после шест месеци неуспешна пауза, операцијата беше неопходна, но нови проблеми го стигнаа на турнеата во Америка.

На Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, Новак испаѓаше уште на стартот и според зборовите на поранешниот италијански играч, Филип Воланди размислувал да се пензионира.

Неколку месеци подоцна потврда дека Новак донел добра одлука кога продолжил да игра е освоената титула на Вимблдон.


Следете го Sportski.mk и на


„Беше тоа навистина остварување на сонот, посебно кога ќе помислите дека после Мајами го собра тимот и им кажа – „Гледајте, ајде да разговараме со спонзорите бидејќи не знам дали сакам да продолжам да играм“. Навистина размислуваше да го остави тенисот“.

„За тоа разговарав со Фабио Фоњини пред неколку дена, но знаевме дека ако добие два тешки меча на највисоко ниво ќе си ја врати самодовербата. Не очекувавме да го освои Вимблдон, но после дуелот со Кајл Едмунд во третото коло видовме Ѓоковиќ кој многу напредувал“, изјави Воланди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рафа Надал го освои Мастерсот во Торонто

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои Мастерсот во Торонто откако во синоќешниот натпрев…