Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Размислував за пензионирање, а сега стојам тука пред вас – звучи како бајка

Ѓоковиќ: Размислував за пензионирање, а сега стојам тука пред вас – звучи како бајка

0

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на траиционалните награди „Лауреус“ вчера беше избран за најдобар спортист и тоа сосема заслужено ако се знае низ што помина Ѓоковиќ во 2018 година во која стигна до два гренслем трофеи (Вимблдон и УС Опен).

Камбекот на Ѓоковиќ во оваа година беше навистина историски. Во моментите кога скоро никој не веруваше дека Новак може да се врати и повторно да победува тој се издигна како „феникс“ и почна да гази се пред себе.

Ѓоковиќ на доделувањето на наградите имаше и обраќање од четири минути во кое призна дека во тешкиот период низ кој поминувал размислувал и да се пензионира.

„Да, размислував да го завршам професионалното играње тенис. Во тешките моменти размислував на некои други работи, сакав да го пронајдам вистинскиот баланс во мојот живот. Се чуствував како да не сум во можност да направам нешто повеќе и дека сум приморан да кажам крај“.

“Тоа чуство посебно ми беше изразено во времето после операцијата. Тогаш неколку месеци ми беа потребни да ја пронајдам причината за се што правам. Поради таква ситуација оваа награда за мене не е само признание за изминатите 12 месеци, туку за патувањето кое го имав од три години. Започна на Ролан Гарос во 2016 година кога триумфирав на сите четири гренслемови, тогаш почуствував олеснување, но не бев исполнет.

„Во последните 15 месеци имав многу тешки моменти, бев на чекор да се повлечам, а сега сум тука пред вас и го анализирам тој период. Навистина звучи како бајка и една приказна со среќен крај. За мене тоа значи една работа – кога вие е тешко треба да погледнете внатре во себе, таму се одговорите на сите прашања кои ве мачат“, изјави Ѓоковиќ.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Почина легендарниот Ники Лауда!

Легендата на Формула 1, Ники Лауда почина на 70 годишна возраст после неколку месеци борба…