Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата е избран за најдобар спортист во Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за гласање во кое учествуваат агенциите ширум светот, а ова признание се доделува по 66-ти пат. Ѓоковиќ овои 178 поени, а претходно беше најдобар во 2011, 2015, 2018 и 2021 година.
Втор во гласањето беше Макс Верстапен, шампионот во Формула 1, додека на третата позиција заврши атлетичарот Арманд Дуплантис.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд заврши на четвртото место, додека освојувачот на НБА прстенот, Никола Јокиќ се најде на петтата позиција.