Дома Останати Тенис Ѓоковиќ опширно го објасни успехот: Беше тоа меч за век и векови, ќе го паметам до крајот на животот

Ѓоковиќ опширно го објасни успехот: Беше тоа меч за век и векови, ќе го паметам до крајот на животот

0

Спуштена е завесата на уште еден Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го однесе петтиот пехар од лондонската трева и тоа на начин на кој долго ќе се памети.

Најдобриот светски тенисер веќе многу кажа за епската борба со Федерер, но најдоброто го остави за крај.

Новак преку својот Инстаграм профил им се обрати на следбениците и фановите и опширно го објасни она што се случи на Вимблдон.

„Беше тоа меч за век и векови. Меч кој ќе го паметам до крајот на животот и за кој ќе им раскажувам на своите деца. Голема благодарност до небесата што ми дозволи да бидам дел од ваков спектакл. Во овој меч имаше се. Почит до Федерер за големата борба. Тениското „патување“ во последните 12 месеци беше навистина фасцинантно. Враќањето на тенисот од повредата, желбата да се достигне нивото на тенис кое ќе ми дозволи да се борам за најголемите трофеи во тенисот, вербата во себе, упорноста и големата поддршка од моите најблиски ми овозможија да бидам ова денес. Благословен сум и свен сум за тоа. Беше задоволство да се создава историја на Вимблдон и да се дели теренот со легендата на нашиот спорт. Ќе продолжам да сонувам и да бидам дел од вакви незаборавни момент во иднината. Вкусот на тревата беше подобар од било кога“, стои во објавата на Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

It was a match to remember forever. Match that had everything in it. Match that transcends our sport. I am eternally grateful to be part of it. Major respect to Roger for a titan fight. It has been quite a tennis journey for me in the last 12 months. Coming back from injury and trying to get to the level of tennis which would allow me to compete for Slams. Self belief, resilience, dedication and major support from my closest people in Life allowed me to be where I am today. I am blessed and I am aware of it. Wimbledon, it has been a great pleasure to make history and share the court with legend of our sport once more. I will keep on dreaming to still be part of these memorable moments in the future. By the way, grass tasted like never before ??? ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ Bio je to meč za vek vekova. Meč koji ću doživotno pamtiti i prepričavati svojoj deci. Večna zahvalnost Nebesima što su mi dozvolili da budem deo ovakvog spektakla. U ovo meču je svega bilo. Poštovanje Federeru na velikoj borbi. Tenisko “Putovanje” u poslednjih 12 meseci je stvarno bilo fascinantno. Vraćanje tenisu od povrede, želja da se dostigne nivo tenisa koji bi mi dozvolio da se takmičim za najveće trofeje u tenisu. Vera u sebe, upornost, posvećenost i velika podrška mojih bližnjih su mi dozvolili da budem ovde danas. Blagosloven sam i veoma sam svestan toga. Bilo je zadovoljstvo stvarati istoriju na drevnim terenima Wimbledon-a i deliti teren ponovo sa legendom našeg sporta. Nastaviću da sanjam da budem deo ovako nezaboravnih trenutaka u budućnosti. Uzgred, trava je bila ukusnija nego ikad ???

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сега се радуваме на историско трето место, а наскоро нека биде за историско ЕП!

Вчера заврши уште еден квалификациски циклус за Европско првенство за нашата селекција. За…