Дома Останати Ѓоковиќ нескоромен: Можам да освојам „златен слем“

Ѓоковиќ нескоромен: Можам да освојам „златен слем“

Новак Ѓоковиќ на најдобар можен начин ја заврши една од неговите најдобри сезони во кариерата. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Србинот оваа сезона освои три грен-слем титули и триумфираше на завршниот Мастерс во Торино.

Едни од ретките успеси кои ги нема Ѓоковиќ во кариерата се „златниот слем“ и златото на Олимписките игри па беше запрашам дали може да ги достигне на 37-годишна возраст.

„Пред пет години, а може и порано, луѓето сигурно не мислеа дека тоа е можно. Се познавам себеси и знам дека сум способен да го направам тоа. Треба да бида физички и психички подготвен. Не сакам да звучам како да немам почит кон останатите тенисери. Знам дека има уште многу тенисери кои се борат за освојување на трофеите, но знам и колку вредам“, вели Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, отк…