Дома Останати Ѓоковиќ заврши на прегледи во Ургентниот центар

Ѓоковиќ заврши на прегледи во Ургентниот центар

Новак Ѓоковиќ по настапот во Рим се врати во татковината, каде што замина на прегледи во клиничкиот центар во Белград.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ беше погоден со шише на турнирот во Рим, па решил да провери дали има посериозна повреда, но резултатите покажале дека станува збор за мала контузија.

„Новак е добро. Сите наоди се добри. Направи комплетна крвна слика и се е во рамките на нормалата. Направи и ЕКГ, но и снимки на главата, за да се увери дека не е сериозно повреден кога во Рим беше погоден со шише во главата. Предмалку ги доби резултатите и сите се добри“,објавија српските  медиуми.

Медиумите пишуваат дека Ѓоковиќ се жалел на вртоглавици, но за тоа нема потврда од таборот на српскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓорческа ќе игра против Шпанка во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа го дозна името на својата прва противничка во квалификациите за Вимблдон. Ка…