Дома Останати Тенис Ѓоковиќ е прв фаворит да ја добие најголемата награда во историјата на тенисот!

Ѓоковиќ е прв фаворит да ја добие најголемата награда во историјата на тенисот!

Новак Ѓоковиќ повторно би можел да испише историја во тенисот ако триумфира на завршниот турнир, а истовремено е фаворит и да ја добие најголемата парична награда во историјата на тенисот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Организаторот на финалниот мастерс-турнир во Торино се погрижи да има богати награди за сите учесници. Ѓоковиќ засега е сигурен, а тука се уште Карлос Алкараз, Јаник Синер и Данил Медведев. Се уште има празни четири места и тие ќе се пополнат по одигрувањето на мастерсот во Париз од 30-ти октомври до 5-ти ноември).

Учесниците на завршниот мастерс ќе добијат 325.500 само за самото учество, а шампионот ќе замине со 4.8 милиони долари што е најголемата награда во историјата на тенисот. Минатата година кога Ѓоковиќ го освои овој турнир замина со 4.74 милиони долари.

Победа во групната фаза на учесниците ќе им носи по 390.000 долари, место во полуфиналето 1.1 милион долари, а настапот во финалето обезбедува 2.2 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Ѓоковиќ ако не може да издржи, нека остане дома“

Поранешниот селектор на Дејвис куп тимот на Франција Жан-Пол Лот зборуваше за првата недел…