Дома Останати Тенис „Ѓоковиќ е друга димензија, јас сум задоволен и со овој прв трофеј во Мелбурн“

„Ѓоковиќ е друга димензија, јас сум задоволен и со овој прв трофеј во Мелбурн“

Италијанецот Јаник Синер го освои својот прв грен-слем трофеј откако со пресврт го совлада Данил Медведев на Австралија Опен.

По освојувањето на турнирот Синер одговараше на прашањата од новинарите.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Освојувањето на првиот грен-слем турнир тука во Мелбурн во мене предизвика неверојатни чувства, но веќе денес се враќаме и работиме ден по ден“, изјави Синер.

На прашањето дал иразмислува за тоа дека Ѓоковиќ овој трофеј го освојувал 10 пати, Синер одговори.

„Новак е друга димензија, јас сум задоволен и со овој еден“, скромен беше Синер.

Една од првите честики за освојувањето на Австралија Опен, Синер ја доби и од Карлос Алкараз.

„Алкараз и јас сме големи ривали на теренот, но пријатели надвор од него, тој однос ни помага на двајцата да се развиваме. Покрај нас има многу млади играчи кои се многу квалитетни и конкурентни, ќе биде интересно да се види во која насока ќе се раџвива тенисот“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Далиќ искрен: Имаме хиерархија, Петковиќ не требаше да го шутира пеналот

Хрватска доживеа тежок пораз од 3:0 од Шпанија вчера во Берлин на отворањето на Европското…