Дома Останати Тенис Ѓоковиќ до антидопинг комисијата: Тестирајте ме и 30 пати годишно

Ѓоковиќ до антидопинг комисијата: Тестирајте ме и 30 пати годишно

0
djokovic

Антидопинг правилата во тенисот стануваат се построги, а од тоа е задоволен и еден од најдобрите играчи, не само на денешницата, туку и во историјата – Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер пред неколку дена го критикуваше велосипедизмот каде што една од најголемите ѕвезди како што е Ленс Армстронг е фатен во измама.

Сега Ѓоковиќ ја повикува антидопинг комисијата да го тестира и 30 пати годишно.

„Можеби антидопинг правилата се нешто построги во тенисот, но тоа е чесно, барем од моја преспектива. Немам ништо против тоа да ме тестираат и 30 пати годишно доколку толку пати ги тестираат и останатите“.


Следете го Sportski.mk и на


„Верувам дека тенисерите се помеѓу најчистите спортиси на светот и немам ништо против тестирање. Немам ништо против тоа кога бараат примерок од крвта, но преферирам да биде преку урина бидејќи игли не сакам баш многу“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ е ИТФ светски шампион, го помина Федерер и се изедначи со Сампрас!

Новак Ѓоковиќ шести пат во кариерата ја доби наградата „ИТФ светски шампион“ во машка кате…