Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ги повика српските навивачите: Дојдете, можеби последен пат играм во Белград!

Ѓоковиќ ги повика српските навивачите: Дојдете, можеби последен пат играм во Белград!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ викендов го чека настап за Србија против Грција во Дејвис Купот, а сега ги повика навивачите да ги исполнат трибините во Пионир бидејќи можеби ова е негов последен меч на домашен терен.

Ѓоковиќ секогаш кога бил во можност ја прифаќал поканата да игра за националниот тим, но бидејќи веќе има 37 години мора да ги редуцира настапите.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Покрај годините на Ѓоковиќ сменет е и системот на Дејвис Купот во однос на пет-шест години и само една рунда се игра на теренот на еден од противниците.

„Навистина победите во Дејвис Купот носат посебно чувство затоа што со себе го имате селекторот и соиграчи. Пред нашата публика последен пат играв пред седум години исто така во Дејвис Купот. Затоа сосема е реално ова да е можеби мојот последен настап тука, па сакам да ги повикам навивачите“, изјави Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изненадување: Мурињо може да се врати во Премиер лигата?!

Eпизодата на клупата на Фенербахче за Жозе Мурињо би можела кратко да трае бидејќи како шт…