Дома Фудбал Италија Шчесни: Имаме напад од кој секогаш можеме да очекуваме погодок

Шчесни: Имаме напад од кој секогаш можеме да очекуваме погодок

Војчех Шчесни после заминувањето на Џанлуиџи Буфон стана прв голман на Јувентус каде што има предност во однос на Матија Перин.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Јувентус е тимот кој примил најмалку голови во Европа и изгледа дека Алегри со враќањето на Бонучи и ставањето на Шчесни на голот ја решил одбраната, но Шчесни нагласи и друга работа која според него е клучна за добрите резултати на клубот.

„Со доаѓањето на Роналдо, тимот сфати дека ако ние ја одработиме својата задача во одбраната, тогаш момците напред ќе направат нешто, ќе постигнат погодок“.

„Со напад каде што имаме играчи како што се Кристиано, Манџукиќ, Дибала и останатите секогаш можеме да сметаме дека ќе постигнеме погодок. Ако не примиме погодок во главно ги добиваме натпреварите“, изјави Шчесни во интервју за „Скај“.

Клубот од Торино веќе шест натпревари во низа е без примен погодок во Серија А, а во среда и гостуваат на незгодната Аталанта во Бергамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луис Суарез сака да се врати во репрезентацијата на Уругвај

Повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историја…