Дома Фудбал Репрезентации Што ќе кажат Икарди и Дибала? Меси јавно посочи кој напаѓач го сака во репрезентацијата!

Што ќе кажат Икарди и Дибала? Меси јавно посочи кој напаѓач го сака во репрезентацијата!

0

Тешко дека селекторот Сампаоли може да му се спротистави на Меси, кој денес јавно му порача кој напаѓач „мора“ да биде повикан на Светското првенство.

Аргентина после турбулентните квалификации не е меѓу главните фаворити на Мундијалот, но Меси тврди дека мора да биде повикан најсилниот тим, а во него секако треба да има место за Игуаин.

„Игуаин мора да биде во тимот. Не можене без него да одиме на Светско првенство, станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот. Знам дека критиките го болат, и знам колку е спремен да даде за националниот дрес“, истакна Меси.

„Можеби тоа што не беше повикан на последните натпревари не беше лошо, само му го поткрена мотивот. Едноставно, Игуаин е дел од овој тим и мора да биде со нас“, јасен беше Меси.

Сампаоли на последните натпревари не го повика Икарди, но нема сомнеж дека ќе мора да го послуша Меси. Во нападот Агуеро е сигурен, па останува да видиме дали Икарди и Дибала ќе се најдат во авионот за Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Модриќ скромен после прогласувањето за најдобар играч на Мундијалот

Хрватскиот играч за врска Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во ко…