Дома Фудбал Англија Што ќе биде со Салах, потпишува ли нов договор?

Што ќе биде со Салах, потпишува ли нов договор?

Ливерпул изгуби во финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид со 0:1.

„Црвените“ на тој начин ја завршија сезоната со два трофеи во Лига купот и ФА Купот, а на Островот се најавува дека летово може да видиме промени во играчкиот кадар. Садио Мане наводно е блиску до Баерн, потврдено е заминувањето на Ориги, а неизвесна е и иднината на Наби Кеита, Жоел Матип, Жо Гомез и Алекс Чмабрлејн. Она што најмногу ги интересира навивачите на Ливерпул е судбината на Мохамед Салах.

Египќанецот овој месец ќе разговара со челниците на Ливерпул, а доколку не ја добие понудата која што му одговара Салах би можел да го напушти „Енфилд“. Сепак, тоа ќе се случи летото 2023 гоидина кога ќе му истече договорот, бидејќи веќе потврди дека во наредната сезона ќе игра во Ливерпул.

Доколку се договорат, Салах би го продолжил договорот со „црвените“ на уште четири години, што би значело дека најверојатно ќе ја заврши кариерата на „Енфилд“.

За Салах веќе има интерес од некои клубови од Премиер лигата, но и од Шпанија, сепак за повеќе за судбината на Мохамед Салах ќе треба да се почека јунската средба со челниците на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа🎥

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт и го освои Суперкупот на Европа,…