Дома Фудбал Лига на шампиони ШТО СЕ СЛУЧУВА? Синоќа по Лигата на Шампионите на пресконференцијата се појави – ЗОРО!

ШТО СЕ СЛУЧУВА? Синоќа по Лигата на Шампионите на пресконференцијата се појави – ЗОРО!

0

Победата над Манчестер Сити го одведе Шахтјор во осмина финалето, но пресконференцијата по натпреварот беше сè, само НЕ обична.

„Ова е највеселата пресконференција на која сум бил во текот на мојата кариера. Пресреќен сум. Се надевам дека горди се, не само навивачите на Шахтјор, туку и останатите Украинци“, изјави тренерот на Шахтјор Пауло Фонсека, по победата над Манчестер Сити од 2:1.

Португалскиот стратег на клупата на Шахтјор пред новинарите дојде облечен како Зоро, ги насмеа сите околу себе и на тој начин го исполни ветувањето дадено на 1. ноември оваа година.

„Ако мојот тим се пласира во осмина финалето, на последната пресконференција ќе дојдам облечен како мојот херој од детските денови, Зоро“, изјави тогаш Фонсека.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

УЕФА го казни Манчестер Јунајтед поради доцнењето во Лигата на шампионите

Сепак казната за клуб каков што е Манчестер Јунајтед не е преголема. Како што пренесува „С…