Дома Фудбал Што му рекол Меси на Гвардиола кога го видел Бускетс?

Што му рекол Меси на Гвардиола кога го видел Бускетс?

0

Серхио Бускетс во последните години се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во светот, иако неговата улога на теренот е специфична.

Бускетс дебитираше за првиот тим на Барса под водство на Гвардиола и го формира еден од најдобрите везни редови во историјата заедно со Чави и Иниеста.

Денес е точно десет години откако дебитираше за тимот, а Гардиола открива што му рекол Меси после третиот тренинг со Бускетс.

„Ми пријде на тренингот и ми рече: „Овој е навистина добар“, јас му одговорив: “Кога ќе има проблеми тој ќе ги отстранува“. Тој едноставно прави се за тие кои се околу него“, истакна Гвардиола.

„Прв пат кога Пеп го доведе Бускетс да тренира со нас сватив дека имаме пред нас посебен играч. Но, никој не можеше да предвиди дека Серхио ќе се развие во најдобар играч за врска во светот каков што е денес“, изјави легендарниот Чави.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: Де Лихт пристигна во Торино!

Конечно завршува една од најдолгите трансфер саги ова лето. Матијас Де Лихт ова лето беше …