Дома Македонски спорт Мак ракомет Што може овој Вардар?

Што може овој Вардар?

0

Вардар во викендот кој измина беше декласиран од Кил во „Јане Сандански“ со 20:31.

Посебно лошо црвено-црните го одиграа првото полувреме кое германскиот тим го доби со неверојатни 4:16. Од тие четири гола играчите на Вардар два постигнаа од игра, а два седмерец.

После ова лошо издание новинарот на „Балкан Хендбол“, Жика Богдановиќ прашува – што може овој Вардар?

„Само еднаш сум гледал послаб и понемоќен Вардар. Во ноември 2004 година страшната Барса го прегази Вардар на Драган Џукиќ со 26:12. Дејан Периќ тогаш беше во врвот на кариерата и без милост за противникот, а Барса таа сезона стигна до титулата во Лигата на шампионите. Беше тоа друго време, неспоредливо со денешното“, ја започнува својата колумна Богдановиќ.

За чудото на Вардар уште нема објаснување.

„И четири месеци после Келн 2019 година нема објаснување за она што се случи. Пишувавме и зборувавме се и сешто, но чудото е чудо и не може да се дефинира. Вардар ја освои Европа не како најбогат или клуб со најдобрите играчи, туку како најдобар тим во вистински момент. Момент каков што европскиот ракомет немал долго време и тврдам дека и нема да има уште долго“.

„Но од тој Вардар до овој денес има голема разлика многу работи се променија во текот на летото. Лудост е да очекуваш повторно да доведеше голман анонимус кој ќе ја воодушеви Европа во првата сезона. Еден Карачиќ кој растеше на скопскиот асфалт да го замениш со стаклениот Атман…Да избереше тренерска алтернатива со искуство со работа во некој „десетти“ клуб во Шпанија и да очекуваш да го повтори успехот на неговиот претходник…Со Столе Стоилов кој се уште се чека, додека Калараш се обидува да глуми „Мораес за сиромашни“. Времето е најдобар судија и показател, тоа ќе покажае да ли може или не може“, стои во колумната на Богдановиќ.

Навистина е лудо да се очекува Вардар уште еднаш да се издигне како феникс и да ја покори Европа, но ние знаеме како не радувал во минатото и веруваме дека – МОЖЕ! Лудо е ама веруваме.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија – Израел: Време е за победа и прекин на „црната серија“ со Израел

Македонија ги завршува квалификациите за пласман на Европското Првенство на домашен терен …