Дома Топ вести ШТО ЛИ СИ МИСЛИ?! – Во Тотенхем се „луди“, можно ли е волкава сума да бараат за Кејн?

ШТО ЛИ СИ МИСЛИ?! – Во Тотенхем се „луди“, можно ли е волкава сума да бараат за Кејн?

0
kane

Даниел Леви секогаш е отворен за преговори, но веројатно на оние кои биле на состанок да преговараат за некој негов играч после состанокот не можат да си поверуваат што слушнале.

Хари Кејн наводно е една од метите на Реал Мадрид, Перез смета дека околу англискиот репрезентативец може да изгрдат тим, но „кралевите“ изгледа ги очекуваат напорни и тешки преговори со првиот човек на „петлите“.

Неодамна се појави вест дека Кристијан Ериксен може да го напушти Тотенхем само за 250 милиони евра, но Леви за Кејн бара уште повеќе и тоа – 350 милиони евра?!

Ова е навистина неверојатна сума и секој би се запрашал, дали Даниел Леви е сериозен со неговото барање.


Следете го Sportski.mk и на


Доколку Леви продолжи со својата тврдоглавост, веројатно Реал Мадрид ќе мора да се насочи кон другите мети како што се: Икарди, Дибала, Азар…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Унаи Емери го добива посакуваното засилување!

Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Барселона, Денис Саурез е на чекор од транс…