Дома Фудбал Лига на шампиони Што им кажа Рамос на соиграчите после вториот погодок на Сити?

Што им кажа Рамос на соиграчите после вториот погодок на Сити?

Реал Мадрид водеше против Манчестер Сити, но на крајот беше поразен со 2:1, па Граѓаните во реваншот ќе имаат поволен резултат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кралевите го прокоцкаа натпреварот во само пет минути. Прво Габриел Жесус погоди за израмнување во 78. минута, а пет минути подоцна Де Брујне постигна погодок од пенал.

„Луѓе, го загубивме натпреварот во пет минути.“ – нервозно изреагираше Рамос кон своите соиграчи откако гостите од Манчестер го постигнаа вториот погодок.

Неколку минути подоцна искусниот стопер го напушти теренот откако заработи директен црвен картон па Кралевите натпреварот го доиграа со играч помалку.

За Рамос ова беше четврти црвен картон во ЛШ. Во овој неславен рекорд ги престигна Златан Ибрахимовиќ и Едгар Давидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Еден од најголемите португалски клубови престанува да постои по 123 години!

Фудбалскиот клуб Боависта од Порто, еден од само петте клубови што ја освоија титулата шам…