Дома Фудбал Што значеше потегот на Германците на тимската фотографија против Јапонија?

Што значеше потегот на Германците на тимската фотографија против Јапонија?

Германија и Јапонија во овие моменти го играат вториот натпревар од денешната програма на Светското првенство во Катар, а големо внимание привлече потегот на Германците пред стартот на натпреварот.

Во германската репрезентација сакаа на Мундијалот да ја носат лентата во боите на виножитот како поддршка за ЛГБТ заедницата. Сепак, беа известени дека поради правилата на Катар ќе се соочат со казна ако носат таква лента.

Тоа очигледно предизвикало револт во репрезентацијата, па на тимската фотографија германските репрезентативци ја прекрија устата алудријаќи на тоа дека им е забрането слободно да се изразуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв европски гол за Алиоски во Лугано, Швајцарците со 3:0 на паузата

Езџан Алиоски погоди во 24. минута против Кауно Жалгирис и го запиша првиот европски погод…