Барселона вчера доживеа вистински дебакл од Баерн Минхен, дури и дебакл можеби е мал збор. Каталонцијата беа понижени со 8:2.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После натпреварот мета на потсмев е и Артуро Видал поради неговата изјава дадена на еден ден пред натпреварот.
Изјавата на Видал по средбата изгледа навистина смешно. Чилеанецот сакаше да му одговори на Матеус кој беше убеден во триумф на Баерн.
„Гајле ми е што зборува Матеус. Тие мислат дека лесно ќе не елиминираат, но ние сме Барселона а не некој бундеслигашки клуб кој навикнале да го победуваат“.
Што би имал сега да каже?