Без сомнение четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Јувентус ќе биде очекуван со огромен интерес од љубителите на фудбалот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Медиумите во Шпанија веќе започнаа со своите анализи на претстојното ривалство кое има богата историја, фокусирајќи се на секакви детали кои би можеле да одиграат улога во емитувањето на краен победник.
Сличен детал е реваншот меѓу „бјанконерите“ и „белите“ во Мадрид, кој по програма ќе се одржи на 11-ти април.
Интересен факт е дека шампионот на Италија ќе влезе во средбата поодморен. Фудбалерите на Масимилиано Алегри ќе го имаат луксузот да одморат 25 часа повеќе од тимот на Реал Мадрид, што според шпанските медиуми, би било голем фактор за крајниот исход од судирот.