Шпанскиот голман Давид Де Геа ги поминува можеби најтешките моменти од кога стана прв голман на репрезентацијата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Де Геа кој имаше одлична сезона во Манчестер Јунајтед одигра лош натпревар на отварањето против Португалија.
Шпанците најмногу му замеруваат на грешката после шутот на Кристиано Роналдо кој одеше директно во него.
Освен фантастичниот Роналдо, Де Геа беше главниот виновник што натпреварот заврши без победник 3:3, а читателите а „АС“ го искажаа своето мислење.
Дури 39.917 читатели учествувале во анкетата кој би требало да биде прв голман на „Црвената Фурија“, а 19.865, односно скоро 50% сакаат прв голман во наредниот натпревар да биде Кеп Аизабалага.
За Де Геа гласале нешто повеќе од 15.000, додека на последното место е третиот голман Пепе Реина 4.720.