Дома Топ вести Шпанците донесоа одлука за продолжување на сезоната!

Шпанците донесоа одлука за продолжување на сезоната!

За разлика од Французите, чија сезона денеска е завршена бидејќи тамошната Влада одлучи мерките во борбата против коронавирусот да ги продолжи до крајот на мај, Шпанците одлучија до крај да ги одиграат првенствените натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Професионалните спортисти ќе можат индивидуално да тренираат од 4. мај.“ – порача шпанскиот премиер Педро Санчез.

Тренинзите во помали групи ќе продолжат од 18. мај. Вклучувајќи ги играчите и тренерите, на теренот во еден момент можат да бидат најмногу 10 луѓе.

Тимските тренинзи се планирани од 1. јуни, но низ строг протокол, а од 5 јуни се очекува првенството да продолжи зад затворени врати.

Барселона после 27 кола е лидер со 58 бодови, додека Реал Мадрид има 56, а третопласирана е Севиља си 47.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Колина предизвика бура со изјава пеналот на Португалија: Поради вакви работи се губи довербата во ВАР!

Натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Португалија и Хрватска предизвик…