Дома Останати Шпанците го нападнаа Ѓоковиќ дека го прекршил карантинот (видео)

Шпанците го нападнаа Ѓоковиќ дека го прекршил карантинот (видео)

Светските медиуми јавуваат дека Новак Ѓоковиќ ги прекршил правилата со тоа што излегол на тенискиот терен во понеделникот.

Ѓоковиќ објави видео на Инстаграм на кое се гледа како тренира на отворено во Марбела. Размени удари со шпанскиот репрезентативец Карлос Гомес Ерера, партнерот на неговиот брат Марко во двојки.

Медиумите во Шпанија жестоко го нападнаа Ѓоковиќ бидејќи ги прекршил мерките, бидејќи таму се забранети тренинзи на отворено до 11-ти мај.

„Во теорија, спортските терени не може да бидат отворени до првата фаза на попуштање на мерките, а тренинзите мора да бидат индивидуални. Всушност, шпанската тениска федерација во своето соопштение објави дека никој не смее да тренира. Така нема дилема дека Ѓоковиќ ги прекрши правилата“, пишуваат шпанските медиуми.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ова би било супер борба: Конор доби предизвик кој веднаш го прифати!

Aндерсон Силва и Конор Мекгрегор би предизвикале голем интерес од светската публика. Силва…