Дома Фудбал Репрезентации Шпанија размислува да се кандидира за домаќин на Европско или Светско првенство

Шпанија размислува да се кандидира за домаќин на Европско или Светско првенство

Фудбалскиот сојуз на Шпанија размислува да поднесе кандидатура за Европското првенство во 2028 или Мундијалот две години подоцна, пренесуваат денес медиумите во оваа земја.

Шпанските меидуми наведуваат дека идејата е претставена на денешниот состанок претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино со шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателот на Фудбалскиот сојуз, Луис Рубијалес.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Медиумите повикувајќи се на извори блиски до владата нвердуваат дека кандидатурата за Светското првенство во 2030 година би можела да биде заедничка со Португалија и Мароко.

Шпанија во својата историја беше домаќин на Мундијалот во 1982 година, додека Европското првенство во оваа земја се играше во 1964 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Човекот кој го враќа стравот во Европа? Перез ги презема првите чекори

По турбулентната сезона и разочарувањата во Лигата на шампионите, како и во Ла Лига и друг…