Дома Фудбал Останато Шпанија попушти: Косово ќе игра под свое знаме

Шпанија попушти: Косово ќе игра под свое знаме

Натпреварот меѓу Шпанија и Косово закажан на 31 март од квалификации за СП ќе се одигра без дополнителни протоколи и промени во однос на обележјата на гостите на овој меч.

Владата на Шпанија дозволи да се истакне знамето и да се интонира химната на Косово на мечот од квалификациите за Светското првенство.

Најпрво беше соопштено дека Косово нема да може да истакнува свои одбележја, сепак таа одлука е променета.

„ФИФА и УЕФА ја рушат шпанската позиција и ја натераа државата да прифати презентирање на целосната косовска национална симболика во Севиља“, пишува „Конфиденсијал“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар веќе не е за сериозен фудбал – уште една тешка повреда!

Нејмар минува низ тешки моменти. По елиминацијата со репрезентацијата на Бразил веќе во ос…