Дома Останати Шпанија и Холандија во финалето на женскиот Мундијал

Шпанија и Холандија во финалето на женскиот Мундијал

Во големото финале на женскиот ракометен Мундијал за златото ќе се борат Холандија и Шпанија.

Шпанија го направи најголемиот успех во својата ракометна историја во женска конкуренција откако се пласираше во финалето на Светското првенство, а до него дојде откако неочекувано убедливо ја совлада фаворизираната селекција на Норвешка со 28:22.

Шпанија во финалето ќе игра против Холандија која во многу понеизвесен меч славеше над Русија со 33:32. И во овој меч Русинките беа фаворити, но Холанѓанките се радуваат на второ финале на Светските првенства во последните четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Поразот после кој Мекгрегор почнал да плаче 🎥

Aртемиј Ситенков е првиот борец во УФЦ кој го победи Конор Мекгрегор, тој сега раскажа кол…