Дома Фудбал Репрезентации Шпанија затоа што не го признава Косово ќе го пречека на неутрален терен?

Шпанија затоа што не го признава Косово ќе го пречека на неутрален терен?

Поради политички причини репрезентацијата на Шпанија до 17 години пред извесен период против Косово играше на неутрален терен, а тоа може сега да се случи и со првиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанија не го признава Косово и тоа може да бидеп роблем во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Двете репрезентации се дел од групата „Б“.

Проблем може да настане кога Косово ќе треба да гостува во Шпанија. Шпанските власти не гарантираат дека ќе им дадат визи, па затоа УЕФА ќе треба да реагира. Компликации може да има и во другите натпревари затоа што Грузија и Грција исто така не го признаваат Косово.

Грешката е направена од луѓето задолжени за ждребот кои очигледно немале доволно политичко знаење. Ќе видиме што ќе се случува напролет кога ќе почне квалификацискиот циклус за Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ријад Марез веќе нема да игра за Алжир!

Ријад Марез се повлече од репрезентативната сцена по поразот на Алжир од Швајцарија со 2:0…