Дома Фудбал Шпанија е новиот европски шампион!🎥

Шпанија е новиот европски шампион!🎥

Репрезентацијата на Шпанија е новиот европски шампион откако во финалето ја совлада Англија со 2:1.

Херој за „црвената фурија“ беше Ојарзабал, кој со гол во 86-та минута и ја донесе рекордната четврта европска титула на Шпанија.

Од самот старт Шпанија покажа дека сака да се надигрува и се обидуваше да создаде шанси, додека Англија цело време беше ориентирана на дефанзива и спорадични контранапади.

На самиот старт на вториот дел Нико Вилијамс на асистенција на Јамал го отвори резултатот. Иако се очекуваше од тој момент Англија да заигра, сепак не создаде многу шанси.

Во 73-та минута Палмер со удар од далечина постигна прекрасен гол за израмнување. Кога сите очекуваа дека мечот ќе замине во продолженија Ојарзабал погоди за победа и европска титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…