Дома Фудбал Шок од Италија: Ругани има коронавирус!

Шок од Италија: Ругани има коронавирус!

Од Италија пристигнува вест која сигурно ќе направи уште поголеми проблеми на и онака проблематичната ситуација во фудбалот поради коронавирусот.

Фудбалерот на Јувентус Даниеле Ругани бил позитивен на тестот за коронавирус. Веста е потврдена од страна на италијанскиот шампион.

Ова сега во прашање ја доведува целата сезона во Серија А затоа што претходно беше објавено дека сеозната најверојатно во целост ќе се прекине ако има позитивен случај со барем еден фудбалер.

Не е познато и што ќе биде со натпреварот кој Јувентус наредната недела го игра против Лион во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …