Дома Фудбал Шок за Милан: Росонерите останаа без двајца клучни играчи!

Шок за Милан: Росонерите останаа без двајца клучни играчи!

Големи и неочеувани проблеми за Милан во текот на ноќта.

Росонерите за гостувањето против Каљари, но и неколку наредни натпревари останаа без двајцата клучни играчи, Тео Хернандез и Хакан Чалханоглу.

Хернандез и Чалханоглу се позитивни на коронавирус и ќе ги пропуштат следните натпревар за лидерот во Серија А.

Ова секако е лоша вест за Стефано Пиоли со оглед на тоа дека Французинот и Турчинот беа незаменливи во досегашниот дел од сезоната.

Среќа во несреќа е што воопшто немаат симптоми и се чуствуваат добро. Веќе се наоѓаат во карантин во своите домови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …