Дома Фудбал Шок за Дортмунд: За Халанд годината е завршена!

Шок за Дортмунд: За Халанд годината е завршена!

Фудбалерите на Борусија Дортмунд играат на домашен терен против Лацио во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Пред самиот старт на мечот беше соопштено дека нема да игра најдобриот фудбалер на „милионерите“, Ерлинг Халанд.

Од Дортмунд беше соопштено дека Халанд е повреден и според првите информации од Германија, тој ќе паузира до крајот на годината.

Норвежанецот го повредил бутниот мускул на последниот тренинг и ќе му бидат потребни неколку недели за рехабилитација.

Ова е голем удар за „милионерите“, бидејќи 20-годишниот Халанд постигна 17 гола во 14 меча оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл го скрши Палас по паузата, Саж под уште поголем притисок

Осулa и Барнс ја донесоа победата од 2-0 на „Селхарст парк“, со која Њукасл се искачи на с…