Дома Фудбал Шок во Мадрид: На Анчелоти му се заканува затворска казна од пет години!

Шок во Мадрид: На Анчелоти му се заканува затворска казна од пет години!

Шокантни вести денеска пристигнуваат од Шпанија. Имено, Карло Анчелоти би можел да се соочи со затворска казна од цели пет години.

Ваква казна за стратегот на Реал Мадрид побара обвинителството во Шпанија затоа што во минатиот мандат кога беше на клупата на Реал не уплатил данок од над милион евра.

Анчелоти го прекршил законот во фискалните 2014 и 2015 година и затоа се бара затворска казна, тој се товари за две казнени дела кои наводно ги направил пред десет години.

Ќе потсетиме, Анчелоти неодамна постигна договор со клубот да го води Реал Мадрид и наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети бара силна „деветка“: Јувентус го разгледува Скамака за јануари

Напаѓачот на Аталанта е меѓу кандидатите за засилување на Јувентус, а Спалети добро го поз…