По поразите од Барселона и Милан, Карло Анчелоти е под огромен притисок во Реал Мадрид.
Познатиот „Релево“ денеска ја објави информацијата дека Флорентино Перез ќе биде принуден да преземе одредени чекори во случај тимот да не ја подобри формата во наредните недели.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе пишувавме дека Реал има дополнително комплициран распоред, следуваат две непријатни гостувања кај Ливерпул и Аталанта, додека Барселона веќе има девет бода предност во Ла Лига (со натпревар повеќе).
Иако овој извор не наведува никакви потенцијални имиња како замена, се истакнува дека Перез будно ќе ја следи играта и резултатите, но и пазарот во наредните недели.
Сепак, потенцијалниот проблем е токму пазарот, ако се земе предвид дека Рубен Аморим потпиша за Манчестер Јунајтед, дека Томас Тухел договори се со Англичаните и во овој момент нема премногу слободни опции кои би биле адекватни за Реал Мадрид.
Така Анчелоти по долго време се наоѓа под притисок и дефинитивно неговата работа не е сигурна.