Дома Останати Кошарка Евробаскет Шок во Истанбул: Ландсберг го уби Фенер во последната секунда (видео)

Шок во Истанбул: Ландсберг го уби Фенер во последната секунда (видео)

Во Истанбул се случи шок на стартот од 27-то коло од Евролигата. Десеткуваниот Макаби долго се спротивставуваше на фаворизираниот Фенербахче и на крајот од неизвесната завршница го нокаутираше актуелниот вицешампион на Европа во последната секунда со резултат од 79:81 (25:15, 16:23, 18:18, 20:25).

Силвен Ландсберг е човекот кој се погрижи за скалпот на фаворизираниот тим на Жељко Обрадовиќ и тоа така што во последната секунда од последниот напад, преку Никола Калиниќ, уфрли шут за два поени и победа за Макаби. Топката се „двоумеше“ некое време на обрачот, но на крајот влезе во мрежичката за триумф на „Гордоста на Израел“ среде Турција.

После овој пораз, Фенербахче остана на четвртото место со две победи повеќе во однос на Баскониј, Панатинајкос и Црвена Ѕвезда, додека Макаби ја запиша десеттата победа во овогодинешното издание на Евролигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Црвена Звезда ја совлада Ефес за прва победа во Евролигата

Црвена Звезда ја победи Ефес со 77:72 во Евролигата, обезбедувајќи ја првата победа оваа с…