Дома Фудбал Шкендија има на што да се надева, Салцбург во големи проблеми пред утрешниот натпревар

Шкендија има на што да се надева, Салцбург во големи проблеми пред утрешниот натпревар

Тимот на Шкендија утре со почеток во 19:00 часот ќе го игра натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, против австриски Салцбург.

Европа очекувано не дава премногу шанси на нашиот претставник, со оглед на тоа дека австрискиот клуб во минатата сезона играше полуфинале во Лигата на Европа.

Сепак, стратегот на овој клуб, Марк Рос има големи кадровски пред утрешниот натпревар.

Имено, натпреварот против Шкендија ќе го пропушти дефанзивецот Патрик Фаркаш, а под голем знак прашалник се норвешкиот напаѓач Фредрик Гулбрадсен и десниот бек од Германија Килијан Лудвиг.

Проблеми со висока температура има Штефан Лајнер, додека место стандарденот Александар Валке помеѓу стативите на Салцбург ќе застане Цицан Станковиќ.

Токму поради ваквата стуација, во Шкендија имаат на што да се надеваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез донесе победа, па побара прошка: „Погрешив со изјавата за Барселона“

По решавачкиот гол против Депортиво, Хулијан Алварез јавно им се извини на навивачите на А…