Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија до сигурна победа во Велес, Шкупи е на +5

Шкендија до сигурна победа во Велес, Шкупи е на +5

Во рамките од 20. коло во македонската прва лига Шкендија ја оправда фаворитската улога и лесно дојде до триумф против Борец во Велес.

На Шкендија и требаше победа за да го одржи чекорот со лидеорт Шкупи, сега тетовци се на -5 со тоа што Шкупи својот натпревар од ова коло го игра утре против Работнички. Победата на Шкендија денес ја најави Кире Маркоски пред крајот на полувремето, засилувањето токму од чаирчани погоди во 44. минута.

После еден час игра веќе стана јасно дека бодовите заминуваат во Тетово затоа што Шкендија дојде до 0:2. Конечните 0:3 ги постави Дита на десетина минути пред крајот на средбата.

Шкендија сега е на 40 бода, Шкупи има 45, Академија Пандев 35. Останатите натпревари од 20. коло се играат утре.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа🎥

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт и го освои Суперкупот на Европа,…