Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија го дозна противникот во случај да го мине Тотенхем

Шкендија го дозна противникот во случај да го мине Тотенхем

Откако вчера Шкендија успеа да победи во Романија и да го елиминира Ботошани пред клубот од Тетово е голем натпревар во третото квалификациско коло во кое ќе играат против англискиот гигант Тотенхем.

Тотенхем е огромен фаворит и би била една од најголемите сензации во македонскиот фудбал ако Шкендија ги елиминира „петлите“.

Денес во седиштето на УЕФА се одржа ждреб и познат е противникот на Шкендија доколку успее да направи сензација.

Имено, победникот од мечот Шкендија –Тотенхем во плејофот ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Ростов и Макаби Хаифа.

Натпреварот се игра на 1-ви октомври и ќе биде последна пречка пред влез во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Радовиш собира борачи од пет земји, Бучим домаќин по седми пат

Меѓу 100 и 120 борачи се очекуваат на меѓународниот турнир во Радовиш на 24 октомври. Дома…