Дома Останати Ракомет Шведските ракометари за потегот на Червар: Мене тоа два пати ми го направи, исфрлете го од првенството

Шведските ракометари за потегот на Червар: Мене тоа два пати ми го направи, исфрлете го од првенството

Лино Червар и неговиот потег во натпреварот против Белорусија и понатаму се тема на коментари на бројни светски медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да потсетиме, селекторот на Хрватска во последниот напад на Борусија одлучи со раце да го запре противничкиот ракометар. Белорусија во тој напад ја изгуби топката, а Копљар во следниот погоди за конечни 25:23.

По повод овој потег се јавија и шведските ракометари.

„Мене тоа ми го направи два пати во натпреварот против Хрватска. За среќа тоа нас резултатски не ни наштети. Јасно ми е дека ќе направи се за да победи, но сепак ова е премногу“, изјави бекот на Шведска Џим Готфридсон.

Потегот на Червар го коментираше и десното крило на Шведска Матијас Закринсон.

„За такво нешто морате да бидете исфрлени од Европското првенство. Таквите работи немаат врска со ракометот“, јасен беше Закринсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија може да биде домаќин на ЕП во ракомет – поднесена е заедничка кандидатура со Словенија и Србија!

Македонија, Србија и Словенија влегуваат во заедничка трка за домаќинство на машкото Европ…