Дома Останати Тенис Швајцарците објаснија зошто „војникот“ Новак го сакаат само во Србија

Швајцарците објаснија зошто „војникот“ Новак го сакаат само во Србија

djokovic

Новак Ѓоковиќ „брка“ уште еден голем трофеј, но овој пат публиката во Лондон не навива за него.

Српскиот тенисер на Мастерсот во Лондон во второто коло играше против Доминик Тим и поголемиот дел од публиката навивачите за Тим за Роџер да има поголеми шанси да помине во полуфиналето.

Токму после тој меч швајцарскиот весник „ Neue Zürcher Zeitun“ анализираше зошто Новак е омилен само во Србија.

„Новак го почитуваат, но не го сакаат“, пишува новинарот Даниел Герман во воведот на текстот и потсетува на растењето на Новак и тренинзите на Копаоник на тенискиот терен кој бил оштетен во текот на бомбардирањето на Србија од страна на НАТО во 1999 година.

„Тој терен и денес има белези исто како и душата на Новак. Новак никогаш не криеше дека го интересира да биде само број 1. Неговата рана младост е обележана со скоро болни амбиции. Ѓоковиќ не игра за себе, игра за Србија. Тоа го прави херој во неговата земја, но во исто време и аутсајдер во остатокот од светот. Не постои тенисер кој има две различни лица како него. Додека не е на теренот тој е една од најшармантните личностите, а на теренот е вистински војник. Најдобро неговиот воен дух се опишува со победата во финалето на Австралија Опен во 2012 година против Рафа Надал кога триумфот го прослави со кинење на неговата маица“.

„Тој е најдобар во светот. Меѓутоа кога е публиката во прашање тој е трет човек. Не е само во сенка на Роџер, туку и на Надал. И не пати само тој поради тоа, туку и неговото семејство. Неодамна неговата мајка порача дека тениските фанови не можат да се помират со тоа дека нејзиниот син е подобар од Федерер и Надал. Публиката го почитува неговиот успех, но навива за Федерер. Така ќе биде секогаш кога ќе играат“, стои во текстот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Видео за во најсмешни инсерти: Дали ова е најлошиот тенисер во историјата?

Во Доха се одржува еден од многуте Фјучерс турнири со награден фонд од 15.000 долари. Фјуч…