Дома Останати „Швајцарската машина“ засекогаш се одјави под Еверест: Загина гигантот Ули Штек

„Швајцарската машина“ засекогаш се одјави под Еверест: Загина гигантот Ули Штек

Еден од најдобрите светски алпинисти, Швајцарецот Ули Штек загина во несреќа на Нупце во близина на Еверест за време на неговите припреми за траверсирање на Еверест и Лоце во алпски стил.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Информациите велат дека несреќата се случила во близина на Камп 1 на врвот Нупце во регионот Кумбу и Еверест, а претпоставките велат дека тој се лизнал и паднал. Ули Штек заедно со еговиот партнер Тенџи Шерпа беа појдени за аклиматизација и подготовки за обидот за прво траверсирање на Еверест и Лоце.

Несреќниот случај е потврден од повеќе извори, а телото е пронајдено од неколкумина спасувачи. Моментално се работи на извлекување на телото и пренесување во Катманду.

Ули Штек (41) важеше за еден од најдобрите светски алпинисти со големи и важни достигнувања, добитник на два Златни Цепини (2009 и 2014 година) и уште многу други алпинистички подвизи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…