Дома Фудбал Останато Швајцарија им порача на Шаќири и Џака: Не смеете „летате орли“ против Србија

Швајцарија им порача на Шаќири и Џака: Не смеете „летате орли“ против Србија

Србија и Швајцарија повторно ќе играат во иста група како и на Светското првенство во 2018 година. Од нивниот натпревар на тој Мундијал се уште се паметат провокациите на Џердан Шаќири и Гранит Џака.

Овој пат првиот човек на швајцарискиот фудбал, Доминик Блан уште од сега им порача да заборават на такво однесување.

„Како федерација ние имаме одлични односи со колегите од Србија и не сакаме тие да бидат нарушени. Не сакам пред овој натпревар да се зборува за друго освен за фудбалот. Знаеме што се случи пред четири години во Русија и сакам сега да биде поинаку. Ви гарантирам дека нема да има никакви провокации“, порача Доминик Блан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико Мадрид не може да регистрира играчи

Атлетико Мадрид се најде во незгодна ситуација и не може да пријавува нови играчи, бидејќи…