Дома Фудбал Англија Швајнштајгер: Јунајтед победи, но не играше подобро од Ливерпул

Швајнштајгер: Јунајтед победи, но не играше подобро од Ливерпул

Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер даде изјава за вчерашниот триумф на Манчестер јунајтед од 2-1 против Ливерпул.

Швајнштајгер во минатото го носеше дресот на Манчестер јунајтед и кажа дека е среќен поради победата, иако не му се допаднала играта.

„Навивам за Јунајтед и среќен сум поради победата, но тоа не беше добра игра. Ливерпул одигра подобро и почесто ја контролираше топката, но за среќа не успеа да ги реализира шансите. Јунајтед има вистински пристап, играчите трчаат многу, но сметам дека и навивачите помогнаа за првата победа во сезоната“, вели Швајнштајгер.

Ова беше прва победа за Јунајтед по двата порази во воведните две кола во Премиерлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шкендија и по пет кола остана перфектна (Видео)

Шкендија продолжува со перфектниот старт во новата сезона во ПМФЛ. Тетовскиот состав денес…