Дома Фудбал Шаќири: Ќе славам ако постигнам гол против Косово

Шаќири: Ќе славам ако постигнам гол против Косово

Репрезентативецот на Швајцарија со потекло од Косово, Џердан Шаќири вели дека нема дилеми дека ќе слави ако постигне гол против Косово во последното коло.

Швајцарија и Косово во директна пресметка ќе водат битка за место на ЕП 2024 вечерва од 20:45 часот.

На трибините ќе биде целото семејство на Шаќири и пријателите од Косово, но тој нема дилеми дека ќе го слави голот ако го постигне.

„Сакам победа на Швајцарија пред нашите навивачи на крајот на овој посебен натпреват за мене. Секако дека ќе славам ако постигнам гол, без разлика дека тоа е Косово. Нема да претерувам поради почитта кон Косово, но нормално дека ќе се радувам“, изјави Шаќири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…