Украинскиот гигант Шахтјор денес го најави утрешниот пријателски натпревар против Силекс.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Двата тима се на подготовки во Анталија и таму кратовскиот тим ќе игра против украинскиот гигант.

Тоа ќе биде прв дуел на Шахтјор и Силекс после цели 22 години. Силекс со Шахтјор играше во 1999 година во рамките од квалификациите во Купот на УЕФА (сегашна Лига Европа). Во тој двомеч Шахтјор обезбеди пласман во следната фаза со вкупни 4:3.