Дома Фудбал Лига на шампиони Шахтјор по втор пат го победи Реал и направи хаос во групата 🎥

Шахтјор по втор пат го победи Реал и направи хаос во групата 🎥

Реал Мадрид денес им приреди ново непријатно изненадување на своите навивачи, „кралвите“ повторно изгубија од Шахтјор.

Во претходниот натпревар на овие две екипи Шахтјор го победи Реал со 2:3, а денес со минимални 2:0. Повторно како и во тој натпревар и денес лош натпревар за Реал одигра Рафаел Варан.

Првиот гол се Шахтјор го постигна во 56. минута преку Детињо, кикс во таа ситуација направи Варан. Покрај грешката за голот треба да се спомене дека Французинот беше на работ на црвен картон во овој дуел. По тој гол Реал ја имаше топката, меѓутоа не создаваше 100% шанси. По една контра во 81. минута Соломон ги постави конечните 2:0

Со овој триумф на Шахтјор настана вистински хаос во оваа група пред последното коло. Шахтјор сега е втор со ист број на бодови со Реал (7). Украинците се втори поради двете победи во меѓусебните дуели. Борусија е прва со осум бода, додека Интер е последен со два, овие две екипи натпреварот од ова коло го играат вечерва.

Во вториот натпревар кој се играше во овој термин Салзбург славеше против Локомотив Москва со 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голеада на „Олд Трафорд“: Јунајтед го елиминира Ливерпул🎥

Манчестер Јунајтед и Ливерпул одиграа фантастичен меч со пет гола во ФА Купот, а на крајот…