Дома Фудбал Шахтјор е шериф на Украина: Марлос се бламираше, па со лева го сруши Динамо (видео)

Шахтјор е шериф на Украина: Марлос се бламираше, па со лева го сруши Динамо (видео)

Шахтјор е апсолутен фудбалски владетел на Украина, Шахтјор е фудбалски шериф на таа земја. После претходно обезбедената титула, „Рударите“ одличната сезона ја крунизаа со синоќешниот триумф во Харков. Во финалето на украинскиот куп настрада големиот ривал, Динамо од Киев, со 1:0.

Апсолутен протагонист на големиот дуел беше 29-годишниот бразилски играч за врска Марлос. Тој во седмата минута сакаше со „паненка“ од пенал да го совлада Ковал, но прописно се избрука.

Меѓутоа, после тоа Шахтјор не ја загуби главата. Беше подобар тим на теренот и имаше повеќе зрели шанси, па триумфот го дочека во 80-та минута.

Трагичарот од седмата минута со удар со лева нога ја запечати судбината на Динамо и го реши прашањето за победнкот на купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут го потопи Јунајтед: „Олд Трафорд“ се празнеше, опасната зона е на бод!

Манчестер јунајтед загуби со 0:3 пред своите навивачи и по осум кола има само седум бода. …