Дома Останати Тенис Шампионката на УС Опен се огласи една недела подоцна: Ги откри зборовите на Серена

Шампионката на УС Опен се огласи една недела подоцна: Ги откри зборовите на Серена

0
osaka

Јапонката Наоми Осака која го освои овогодинешниот УС Опен кој помина во знакот на скандалите на Серена Вилијамс откри што Американката и кажала по мечот.

Наоми Осака минатата сабота го освои УС Опен откако во финалето ја победи Серена во два сета 6:2 и 6:4.

Нејзината победа остана во сенка на големиот судир кој Вилијамс го имаше со судијата Карлос Рамос кого во вториот сет го нарече „крадец“.

Во текот на церемонијата Осака доби свирежи од публиката кои беа прекинати по барање на Серена.


Следете го Sportski.mk и на


„Ми кажа дека е горда на мене и дека би требало да знам дека свирежите не се наменети за мене. Бев навистина среќна кога ми го кажа тоа. Во тие моменти помислував дека свирежите се упатени кон мене, бидејќи не знаев што се случува, бучавата беше преголема. Се беше помалку стресно“, изјави Осака

Трофејот на УС Опен беше прв Грен Слем во кариерата на Јапонката.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тешки денови за Чилеанецот: Санчез како Фалко…

Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи откако што вчера освои само бод …