Седумкратниот шампион на Германија, Шалке е во големи финансиски проблеми и ќе се обиде да ги реши со продажба на стадионот, пренесуваат тамошните медиуми.
Сепак, извршниот директор на Шалке, Матијас Тилман, вели дека продажбата на стадионот не доаѓа предвид.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Финансиските проблеми започнаа во 2022 година, кога поради нападот врз Украина, клубот донесе одлука да ја раскине соработката со руската компанија „Гаспром“.
Долгот порасна на 165 милиони евра, екипата е пред испаѓање во Трета лига, а ако се случи тоа, му се заканува премин во аматерски клуб бидејќи прекинуваат договорите со сите фудбалери, како и тимот.
Германските медиуми тврдат дека Шалке сериозно размислуваат да го продадат својот стадион Велтинс арена, пуштен во употреба во 2001 година, со капацитет од над 62 илјади места.