Дома Фудбал Италија Чудна ситуација: Навивачите на Џенова враќаат карти поради Роналдо!

Чудна ситуација: Навивачите на Џенова враќаат карти поради Роналдо!

0

Несекојдневна ситуација во Италија во режија на навивачите на Џенова, а причина е Кристиано Роналдо.

Фудбалерите на Јувентус денес од 12:30 часот ќе го продолжат својот поход по титулата во италијанското првенство во кое имаат огромни 18 бодови предност во однос на втропласираниот Наполи и само со некакво чудо (дури и тоа е мал збор) може да останат без новото Скудето.

Јувентус неодамна имаше тежок натпревар против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. „Старата дама“ на свој терен победи со 3:0 и така го „поништи“ поразот од 2:0 во Мадрид. Главна ѕвезда и херој на тој натпревар беше Кристиано Роналдо кој постигна хет-трик. Поради тоа Алегри го награди со тоа што му даде одмор за денешниот натпревар и Португалецот не е во комбинација за настап.

Ова доведе до една несекојдневна реакција на домашните навивачи.


Следете го Sportski.mk и на


Имено, дел од навивачите бараат враќање на парите бидејќи сметаат дека се измамени, тврди „Газета дело Спорт“. Навивачите на Џенова кои имале желба на дело да го видат Роналдо ги враќат каритите и бараат парите да им бидат вратени, сепак такво нешто е невозможно.

Во прашање е сосема легитимен избор на стручниот штаб на италијанскиот шампион, па навивачите ќе мораат да се помират што нема да го видат еден од најдобрите играчи во светот на нивниот стадион.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видео: Легендите на Ливерпул и Милан играа на „Енфилд“, Жерард и Пирло како во најдобрите денови!

Денес на „Енфилд“ беше одигран хуманитарен натпревар помеѓу легендите на двата европски ги…